Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 јули 2013
Два месеци Тарик Зејнелов живее под тезгите на Градскиот пазар. За ова реагираа пазарџиите кои наутро го гледаат како се буди од неговиот времен дом. Реагираа барајќи да се најде чаре за Тарик. И тој исто така бара спас.
Ми се сруши куќата од Рамина, изгоре таа на Прохор Пчински каде бевме под кирија. Бидејќи немаме можности каде да се сместиме, жената со двете деца заминаа за Кочани кај нејзините. И јас сега со нешто што имам сум тука под тезга – вели Тарик.
Тој е вработен во ЈКП Дервен но платата што ја зема, оди за покривање на долг поради пречекорен лимит. И бара спас. Тука до него се неопходните работи за мизерен живот. Му помагаат пазарџиите кои му даваат нешто за јадење. Така преживува.
Но приказната има и друг дел, кој Тарик го премолчи. Освен што зема плата, тој од Центарот за социјални гриж добива и средства за месечна кирија, оти му се сруши куќата во Рамина. Така тој и покрај средствата кои ги има, остана на улица, или времено под тезгите на пазариштето.
Tweet |