речник контакт

Животното искуство на Крстиќ и Јанушев, кои од денес се водат како оздравени од ковид-19

Како ги минаа 26-те дена во период на лекување и изолација, едниот на Инфективно, другиот дома

Петар Печков


На денешната, среда, листа на оздравени велешани од ковид-19, се најдоа и Горан Крстиќ и Сашко Јанушев. И двајцата се согласија за зборавуваат јавно, за периодот и времето кое го минаа додека се лекуваа, Крстиќ на Инфективното одделение од велешанка Болница  Јанушев во домашна изолација.   Горан Крстиќ 26 дена мина на Инфективно одделение, каде се лекуваше.

На 4-ти септември, се појавија симптоми,болки во градите, кашлица, малаксаност. Отидов на Инфективно, на преглед. Докторката Трајкова ме остави да лежам, да направам тест, кое за нивни потреби го прави МАНУ за еден ден, додека  во Центарот за јавно здравје немаа термин.  Во понеделникот на 7-ми  се покажа дека сум позитивен, па се тестираше и сопругата, која исто така беше позитивна, таа остана во домашна изолација. Таа како и мене од  денес се води како оздравена. Деновите минати во Инфективно одделение се ново големо  животно искуство за мене.  Иако  некои прашуваат како се лечи а нема лек за корона вирусот, постојано добиваме лекови, кои се потребни за организмот. По неколку пати на ден ни мереа сатурација, присуство на кислород во крвта, и мораа да носат огромни боци со кислород кои се големи и тешки. Често се проверуваше крвната слика, без малку секој ден.   Персоналот е толку посветен на работата, пациентите, што е восхитувачки, трите докторки началничката Силвана Мишкова, д-р Снежана Ефтимова Бисинова, д-р Славица Трајкова и главната сестра Билјана Стојанова и останатите се постојано со пациентите, голема благодарност до сите нив. Дежураше и кожната докторка Деспина Зоксимовска и една млада докторка која стажира Ирена. Ќе го помнам пациентот Иле од Свети Николе, кој на Инфективно дојде два дена и потоа го однесоа за Скопје каде почина, но болеста толку бргу напредува и за неколку часа може да се влоши состојбата и тој беше таков пример.  Излегуваме некоја минута и надвор на мостот, колку да земеме воздух. Времето таму може да се мине движејќи се во холот од одделението, може да се излезе на балкон.  Од разговорот со заразените имаше еден интересен податок, дека повеќето бевме непушачи. Што се однесува со заразените, сите бевме едно, без разлика на вера, нација, немаше политика. Комуникацијата со луѓето таму продолжува.  Болеста постои, тоа е факт  кој никој не може да го порекне, верувал некој или не, јас сум еден од сведоците кој ја прележа - кажа Крстиќ, кој е на 47 годишна возраст.    

Искуството од времето минато дома во изолација на кратко го раскажа и Сашко Јанушев. И тој како и Крстиќ мина 26 дена, но во домашни услови.

Првите три дена добив симптоми, температура, малаксаност, повраќање, главоболка  потоа снемав осет за вкус и мирис, кој се врати десеттиот ден.  Добро е што можев да се изолирам па сопругата и децата минаа без проблем. Овој период кој го минав дома, сите можни  тв серии ги гледав, а поради тоа што не се движев, ме болат нозете, рацете, грбот и денес прво што направив е пеш да се прошетам.  Тие што не веруваат, многу лошо процениле. Да не даде Господ да им дојде на врат, тоа им го посакувам а ако дојде на било кого, да мине што полесно, ковид-19 постои, јас сум еден од  нејзините сведоци раскажа Јанушев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »