речник контакт

Жител на Бузалково завршил во река Вардар, згрижен е во болница

Останува непознато како завршил во водите на реката, каде поради ладната вода добил хипотермија и се наоѓа на лекување

Петар Печков

Жител на Бузалково вчеравечер, понеделник,  завршил во реката Вардар, но премрзнат успеал да се спаси. Згрижен е во болница. Настанот се случувал околу 19,30 до 20 часот.

Не е познато како лицето се нашло во водите на реката, но очевидци го виделе после Стар мост. Тие сведочат дека стасал до карпите на Јаниташ, но потоа не бил видлив.  Д.М. кој бил на 42 годишна возраст, смогнал сили и излегол од реката до островчето, од каде, иако премален и во лоша здравена состојба стигнал до куќа на улица Коле Цветков,  чии сопственици повикале Итна помош.

За тоа време пожарникарите го барале по реката,а по некое време биле повлечени, со образложение дека лицето било пронајдено. 

Дежурниот доктор од Итната помош дал неопходна здравствена нега и Д.М. во свесна состојба бил однесен во велешка болница и предаден на анестезиолог.

Од оваа здравствена институција соопштија дека лицето било со хипотермија, намелена телесна температура, предизвикана од ладната вод на реката Bардар и е згрижено до натаму во болницата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »