Петар Печков
Објавено: петок, 11 февруари 2022
Жител на Велес, Кољо Митев ( 50 год), родум од Јосифово почина на 8-ми февруари во Италија на автопат. Според пишувањето на локалните медиуми во регионот на Авелино, тоа се случило на делницата од автопатот Авелино-Салерно. Тој успеал да сопре иако имал здравствен проблем и да спречи експлозија, оти возел цистерна.
„ 50-годишник погоден од инфаркт додека возел цистерна.Трагедија се случила кај крстосницата на автопатот Авелино - Салерно, каде што 50-годишен Македонец бил погоден од здравствен проблем додека возел цистерна. Меѓутоа, возачот, кога почнал да ги чувствува првите проблеми, забавил, а потоа се повлекол на стојалиште на раскрсницата во Серино. Тој потоа починал. На помош дошла лекарска екипа, но констатирала смрт“ - пишуваат тамошните медиумите.
Митев кој со семејството живеел во Велес последните 25 години, денес е погребан.
Ова не е прв случај возач на камион да почине додека вози. Додека управуваше камион, по автопат во Германија, почина Аце Маневски (62 год) од Велес, подоцна е констатирано од срцев удар. Настанот се случи на 2 декември 2020-та.
Tweet |