Петар Печков
Објавено: вторник, 16 август 2022
Жител на Горно Јаболчиште починал по пад од потпорен ѕид. СВР Велес со детали за настанот со смртни последици, кој се случил во текот на вчерашниот ден, понеделник.
„На 15 август во 11.30 чaсот во полициската станица во Велес било пријавено дека во Итна медицинска помош Велес е донесен со повреди Ј.У.(35) од Горно Јаболчиште, кој набрзо им подлегнал на повредите. Според пријавеното, со повредите се здобил при пад на потпорен ѕид, додека со неговиот брат Р.У.(37) го расчистувале дворот“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
Tweet |