Петар Печков
Објавено: петок, 03 ноември 2023
Четвртокот попладне, жител на Горно Врановци, нападнал полициски службеник. СВР Велес со деталите за инцидентот.
„На 2 ноември во 15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Ј.(43 год ) од село Горно Врановци, општина Чашка, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |