речник контакт

Жител на Горно Оризари уапсен оти возел на автопат со брзина од 178 км на час

Случајот бил регистриран на автопат Скопје - Тетово

Петар Печков

Сообраќајната полиција уапсила жител на Горно Оризари бидејќи управувал автомобил со брзина значително повисока од дозволената. Случајот бил регистриран на автопатот Скопје – Тетово.

„Неделата 17 август  во 15:15 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатна станица кај с.Желино, тетовско, и на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(28) од Горно Оризари, велешко  При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека Б.А. управувал патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 178 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 100 километри на час“ – инфомрираа од МВР.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »