Петар Печков
Објавено: четврток, 05 април 2018
СВР Велес информира за настан кој се случил во средата попладне. Жител на Градско е во животно загрозувачка состојба оти испил голема количина апчиња и алкохол.
На ден 03.04.2018 год. од дежурниот лекар на Итна медицинска помош Велес пријавено е дека лицето Ч.П.(58) од Градско е донесено во тешка здравствена состојба предизвикана со испивање на поголема количина апчиња и алкохол, истиот веднаш е упатен на лекување во Клиника за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје - пишува во информацијата на СВР.
Ова е втор ваков случај за десетина дена во велешко. Во првиот момче на 28 години испил доместос и арф.
Tweet |