Петар Печков
Објавено: среда, 29 април 2020
Вторникот попладне, жител на Лозово излетал со автомобилот од патот и се здобил со повеќе скршеници. Поради специфичноста на повреди пренесен е на Клинички во Скопје.
На 28-ми април во 16.50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип лицето В.С.(47) од село Лозово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот - пишува во соопштението на МВР.
Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош.
Во попладневните часови примен е пациент извршени се снимања и констатирани скршеници на ребра и карлица. Поради здобиените повреди е префрлен на Клинички во Скопје - информираше д-р Весна Николовска Неделкова.
Tweet |