речник контакт

Жител на Лозово со кривична оти присвоил државно земјиште

Лицето во околина на село Милино, без дозвола насадил тутун и поставил помошни простории

Петар Печков

За жител на Лозово поднесена е кривична пријава до ОЈО Свети Николе, оти има сомнение дека присвоил државно земјиште кое го користел за приватни цели.   Кривичната ја поднело Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе.

„Поднесена е  кривична пријава против М.С.(49 год) од Лозово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во периодот од 2023 до 20.02.2024, пријавениот на земјоделско земјиште во место викано „село“ во катастарска општина Милино, во сопственост на РСМ, без дозвола насадил тутун и поставил помошни простории“ - информираше МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »