речник контакт

Жител на Неготино осуден оти ловел без дозвола и поставувал забрането средство за ловење на диви свињи, примки

Спротивно од Законот за дивечот и ловството, ловел дивеч под заштита-дива свиња без дозвола за ловење и со употреба на средства кои се забранети

Петар Печков

Жител на Неготино, по професија пожарникар е осуден од тамошниот суд за незаконит лов.  Во временски период од 01.02.2024 година до 14.02.2024 година,  во ловиште бр.2 Копришница,  со кое стопанисува Здружение „Ловечко друштво  Вардар“ во ловен реон Каменот, Неготино, спротивно на чл.11, чл.12 и чл.60 од Законот за дивечот и  ловството, ловел дивеч под заштита-дива свиња без дозвола за ловење и со  употреба на средства кои се забранети и со кои дивечот масивно се сотира, на  начин што поставил 15 стапици-примки за лов на крупен дивеч-дива свиња.

Со ова  обвинетиот сторил кривично дело „Незаконит  лов“, утврдена му е алтернативна казна завор од три месеци, ако во рок од една година не стори ново кривично дело. 

Осудениот не го признавал делото, кажал дека не е ловџија, но на видео надзорот, видео снимката се гледало како ги поставува 15 примки.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »