речник контакт

Жител на Ореше додека бил во изолација, украл три пушки од дом на велешанец,

Ѓ.П. од Ореше доби три кривични пријави

Петар Печков

Велешката полиција поднела три кривични пријави, за жител на село Ореше. Освен што украл пушки од дом на велешанец, тој делото го сторил додека бил во изолација дома.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(53) од село Ореше, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 13.06.2021 во периодот од 00.00 до 04.00 часот во Велес, со употреба на сила и тврд предмет извршил тешка кражба во куќата на Н. Г., одземајќи три пушки, кои со дозвола ги поседувал оштетениот“- соопштија од МВР. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »