Петар Печков
Објавено: сабота, 18 ноември 2023
Жител на велешко село пријавил во полиција изнуда од лице од Кавадарци, кај кого се задолжил. Му барал камата поголема од договорената но и возилата кои ги задолжил.
„На 17 ноември во 14.30 часот во ОВР Кавадарци, 39-годишен маж од велешко село пријавил дека во 2022 година од лице од Кавадарци земал пари со камата, направиле и нотарски купопродажни договори за неговите возила како гаранција дека ќе биде вратен долгот. Според пријавеното, кавадарчанецот за заемот му наплаќал несразмерна камата и побарал до 17.11.2023 да му бидат исплатени паричните средства кои му ги дал и да му ги даде возилата“ - соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Tweet |