речник контакт

Жител на село Сопот сосе комбе и 33 мигранти завршил во провалија

Д.И. (24 год) бегајќи од полицијата скокнал од комбето а тој и тројца мигранти се здобиле со тешки повреди

Петар Печков

Жител на велешкото село Сопот  превезувал 33 мигранти, при бегањето скокнал од комбето  и завршил на Клинички во Скопје. Инцидентот се случил на стариот пат Демир Капија - Неготино кај местото викано Прждевски споменик, петокот попладне.  МВР соопшти дека станува збор за Д.И. (24 год) кој мигрантите, сите од Авганистан,  ги превезувал со возило ,,мерцедес,,.

Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на лице од Арачиново. Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во провалија со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди,  се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци. Возачот кој откако скокнал од возилото паднал во провалија се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники - соопштија од Јавното обвинителство. 

Според полицијата возачот и три лица се здобиле со тешки телесни повредни. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »