речник контакт

Жител од Градско криумчарел 10 Азијци

На маката на емигрантите некои печалат. Ова е втор случај за два месеци како превозник од велешко превезувал емигранти.

Петар Печков

Одделението за илегална миграција и превенција при РЦ „Југ“ поднесе кривична пријава против Ш.И.(53) од Градско, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.  Тој на 10 јануари  годинава, во 19,30 часот, на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Демир Капија во правец кон Скопје од страна на полициски службеници  е фатен како превезува  илегалци емигранти. 

Полицајците го запреле  патничко возило „рено“ управувано од пријавениот, при што во возилото пронајдени се  10 странски државјани -шест сириски, тројца авганистански и еден државјанин од Бангладеш .  Тие  истиот ден илегално влегле од  Грција во Македонија, а потоа биле преземени од  Ш.И. со цел да заминат во западно- европските земји.

Од страна на судија на Ш.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а емигрантите се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје. Неодамна на  25 ноември лани,  полицијата го фати велешанецот С.Д. ( 18 год) како превезува 12 Авганистанци емигранти ,    во неговото товарно возило.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »