речник контакт

Жителите на Росоман и Градско со повеќечасовни рестрикции на вода за пиење, откако претходно нe добиваа ниту технолошка вода за поливање

Поради ова на плус 40 во сенка, во најжешкиот период од годината, чешмите по домовите во овде две населени места во централна Македонија, се суви

Петар Печков

Жителите на населбите Росоман и Градско се со повеќе часови редукции на вода. Причина  е енормно зголемената потрошувачка,  па  локалните ЈП вовеле рестрикции. Поради ова на плус 40 во сенка, во најжешкиот период од годината, чешмите по домовите во овде две населени места во централна Македонија, се суви.     

„Од нива идам, нема вода  дома да се избањам. И ова како во турско време, а 21 век, една недела не сум избањат. Полниме вода од природни чешми, никој не знае каков квалитет е, ама мора да се има за по дома, за пиење, за готвење“  вели жител на Росоман.  
Во населбата која брои три илјади жители, рестрикциите се до 12 часови од 9 до 21 часот.  Слична е состојбата и во населба Градско, кое брои две илјади жители. Таму рестрикциите се по неколку часа, ноќе и дење.

„Ние во село Уланци немаме капка вода  четири дена. Ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за хигиена одржување. Некоја болест ќе се појави“ - вели жител на селото.

Причина за зголемената потрошувачка и во Росоман и во Градско  е што одделени граѓани водата за пиење ја користат за поливање на дворовите, градините.  До ова дојде, откако технолошката вода која се користеше за таа намена, не доаѓа во овие две населени места,  бидејќи цевководот од системот  „Макарија“ кој ги снабдуваше со вода за поливање доживеа хаварија на 27 мај. Така сега без вода се и полињата но и луѓето.

„Се најавува дека до крајот на ова седмица ќе се поправи дефектот на цевководот „Макарија“ а со тоа ќе се стабилизира и водоснабдувањето во Росоман. Воведовме рестрикции поради нерационалното трошење од страна на одделни граѓани, за да може вода да добиваат сите жители на населбата,  а не некои да имаат, други да немаат, едни да ја трошат за поливање, други да немаат за пиење или за санитарни потреби“- изјава Желимир Трикиќ, директор на ЈПКД Росоман.  

Тие вода добиваат од изворот Лукар на планината Кожуф. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »