Петар Печков
Објавено: четврток, 05 мај 2022
Жителите на Вардарскиот регион, имаат поголема недоверба во полицијата отколку жителите на Република Македонија, 45/39 отсто, но поголем е бројот и на тие што имаат доверба 30,5/25 отсто, остатокот од испитаниците се неутрални 23/34 отсто.
Ова се резултати од телефонската анкета спроведена во Вардарскиот регион на МВР кој опфаќа седум општини - Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско, Чашка, Росоман.
Неа ја спроведува Евротинг граѓанското здружение во рамките на проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“ - финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија (National Endowment for Democracy) од Соединетите Американски Држави.
Анектираните од Вардарскиот регион сметат дека полицијата не е професионална во нејзиното работење со 42,4 отсто, додека на ниво на државата тој процент е 35,5 отсто, додека потврдно одговориле дека е професионална 25 отсто во Вардарскиот регион наспроти 30 отсто на државно.
Лицата кои биле опфатени со анкетата во Вардарски регион со став дека не мислат дека полицијата е ефикасна во работата со 44 отсто, додека на државно ниво е39 отсто. Во Вардарски регион потврдно одговориле дека полицијата е ефикасна во работата 21,6 отсто а на републичко ниво 25,8 отсто.
На прашањето дали полицијата е независна од политичките, бизнис и Владините интереси дури 73 отсто во Вардарски регион одговориле НЕ, а на државно ниво процентот е 62 отсто. Само 13 отсто и на државно и во Вардарскиот регион сметаат дека полицијата е независна од политичките, бизнис и Владините интереси.
На прашењето дали во последните 24 месеци сте имале контакт со полицијата, 93 отсто од анектираните во вардарскиот регион рекле НЕ а 85 отсто на државно ниво исто така одговориле негативно
Мешана група на учесници, лица на 25 до 50 години возраст, претежно жени, вработени невработени, кои учествувале во фокус групата од Велес, генерално сметаат дека безбедноста во Велес е далеку на повисоко ниво од Скопје, дури историски гледано и од пред 10-15-20 години.
Во истражувањето биле разговарано и со полициски службеници. Според нив, граѓаните имаат намалена доверба во полицијата и многу од проблемите со кои се справуваат не ги споделуваат со полицијата од причина што сметаат дека нема да се постапи и нема да има решение за проблемите со кои се соочуваат и токму поради тоа, се залагаат за промена на методологијата на работа на полицијата.
Идеалниот метод на работа, полициските службеници/чки го перципираат како модел на работата на полицијата кој се заснова на градење доверба и партнерство меѓу полицијата и граѓаните заради создавање на безбедна заедница во која што отсекот за превенција треба да претставува основа за воспоставување на јавен ред и мир.
Во Општините Велес, Градско и Чашка има Локален совет за превенција но тој не функционира, бил одговорот добиен од локалните власти.
Исто така, беше истакнато дека како основа на концептот „полиција во заедницата“ треба да бидат локалните совети за превенција (ЛСП) каде што ќе бидат вклучени сите институции, на локално ниво каде истите ќе бидат насочени кон взаемно решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Воглавно, сметаат дека слабост не може да има во работењето на полицијата кога има взаемна соработка со граѓаните.
Анкетата е спроведена од страна на агенцијата БРИМА на 1001 испитаник на ниво на држава од нив 7.4% односно 74 лица од примерокот се испитаници кои потекнуваат од вардарскиот плански регион. Оваа пропорција на испитаници одговара со бројот на население кој живее во вардарскиот плански регион во однос на вкупниот број на граѓани на државата според актуелните статистички податоци во време на спроведувањето на мерењето на јавното мислење. Споредба на резултати на вардарски плански регион со резултати на ниво на цела држава.
Tweet |