Петар Печков
Објавено: среда, 17 септември 2008
Жителите на велешкото село Ореше се жалат дека единствената дејност од која живеат, сточарството, може да изчезне, откако откупувачите не покажуваат интерес за нивното млеко и стока. Сместено во пазувите на планината Козјак, опколено со букова шума, на надморска височина од осумстотини метри, селото нема можност за друга дејност ниту површини за земјоделие.
- Од нас сите кренаа раце, така што немаме каде да го продадеме млекото или месото од јарињата и телињата. Најблискиот откупен центар е селото Согле, еден час далеку од нас. Се обидуваме со откупувачите и преработувачите да најдеме решение, но тие велат далеку било да доаѓаат тука и работа со нас. И додека ние нудиме млеко и месо од еколошки чиста средина, интерес за него нема – вели Ѓоре Ѓурчиновски кој има 80-тина јариња.
Ако некогаш во селото имало пет илјади стока, денес едвај да има 500-тина. Обидот преку сточарство да развиваат семеен бизнис не оди, бидјеќи ни банките не ги поддржувале со кредити. Иако се обиделе да земат кредит а имале и покритие, биле одбиени. Затоа велат дека мораат и тоа малку стока што останало да ја продадат или заколат и живеат од социјалната помош. Поради ова машката популација од 300-те жители на селото, заминува и ја продолжува традицијата на предците, кои се прочуени молери низ Македонија.

Tweet |