Петар Печков
Објавено: петок, 24 јули 2020
Жителите на главните градски улици преку лето не може око да склопат од несовесните граѓани и млади кои предизвикуваат гужви. Така жителите на станбениот блок „Чешелот“ мака мачат со посетителите на блиските коцкарници.
Нема одмор ни дење ни ноќе. Тие што губат , а тие ги има често, излегуваат од просториите, се караат меѓусебно, тепаат, полицијата често интервенира. Се јавуваат телефонски некаде, бараат пари, или во бес од изгубените пари маваат, кршат. И така секој ден - вели жител на блокот, кој пред некое време бил дел од делегацијата која била на разговор со градоначалникот, за да побараат помош, да се обезбеди мир.
Жителите околу кружен тек Авона истата мака ја имаат со години. Младите кои се собираат таму присутни се до раните утрински часови.
Се прави голема бучава, која во овие летни ноќи не не` остава на мира да спиеме и да сме подготвени за новиот работен ден. Млади се собираат, жагор, неред, тоа е секојденвие, таму се до пет часот наутро - велат жителите до зградите околу кружниот тек.
Станарите пак на главата градска улица 8-ми Септември и Благој Ѓорев, се жалат на бучавата која ја предизвикуваат мотористите во ноќите часови.
Иако има одредена граница на звукот кои го дозволуваат, некои од мотористите имаат дополнителни з засилувачи и не не` оставаат на мира. Како некој од нив би се чувствувал така пет минути пред неговиот дом да бучи. За жал полицијата до сега никогаш не презеле никакви мерки да се застане на пат на ова појава, присутна со години - велат жителите на главната улица во градот. И потсетуваат дека плаќаат повисок данок затоа што се во прва зона на живеење.
Градоначалникот Аце Коцевски кажа дека е запознаен со овие проблеми на жителите на Велес, од централното градско подрачје.
Побаравме од СВР Велес во ноќните часови да прават посебни контроли, на местата каде има масовни собирања - рече Коцевски.
Tweet |