речник контакт

Жителите од зградите спроти Гимназијата го актуализираат користењето на просторот од угостителите

Градоначалникот Колев најави средба со сопствениците на локалите

Петар Печков

Жителите во комплексот станбени згради спроти Гимназијата повторно ја  актуализираат состојбата со урбаната опрема од кафетериите поставени пред локалите. Ова  се случува со доаѓањето на  секој нов градоначалник и како што велат тие, да се стави крај на узурпација на јавниот простор и да се врати на станарите. За ова тие биле и кај градоначалникот Марко Колев а како советничко прашање го постави и советникот Димитар Абрашев.  

„Како локална власт бараме да се почитуваат одобрените елаборати, колку маси може да се постават. Не сите угостители го почитуваат. До 16 часот е една состојба до 20 часот е друга а потоа е трета. Ќе се состанеме, доаѓа пролет,  и ќе побарам елаборати да се почитуваат. Ако не, како локална власт имаме механизми, тоа им го кажав и на инспекциите. Не планирам да премолчувам ако немаат елаборати, ако не ги почитуваат“ - кажа градоначалникот Колев.    

За разлика и претходните години во оваа реакција на станарите од зградите спроти Гимназијата, над угостителските објекти, нема реакција за гласноста од музиката.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »