Петар Печков
Објавено: вторник, 20 октомври 2026
По повод Светскиот ден на лебот, Жито Лукс и оваа година ја продолжува традиционалната хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија. Во периодот од 14 до 20 октомври, компанијата донира вкупно 8.000 лебови за граѓаните и семејствата на кои поддршката им е најпотребна.
За подрачјето на Велес, пет дена по 100 векни леб, кои се донираа на социјално ранливите категории. Целта е да придонесе во обезбедувањето на нивните секојдневни оброци.
Иницијативата традиционално се реализира по повод Светскиот ден на лебот, кој се одбележува на 16 октомври и потсетува на значењето на една од основните прехранбени намирници, но и на фактот дека за многу луѓе обезбедувањето на основни производи сè уште претставува секојдневен предизвик.
| Tweet |




