речник контакт

Жито маркети ја отвори нивната трета продавница во Битола

Нашите столбови во деловното работење, се професионалната услуга, домаќинската атмосфера и однос, широкиот асортиман и ценовната политика којашто го почитува паричникот на купувачите

Петар Печков

Жито Маркети денес ја отвори својата нова продавница во Битола, лоцирана на улицата Север–југ, број 3, со што овој малопродажен ланец става подостапен за битолчани коишто гравитираат во тој дел од градот.  

Брендот се позиционира со три продавници во Битола. Релоцираниот маркет е со комплетно освежување во понудата и во асортиманот на производи за широка потрошувачка, со современо ентериерно уредување, што ги следи новите трендови во оваа индустрија.

“Постојано го следиме пулсот на нашите ценети потрошувачи и се обидуваме да дојдеме што поблиску до нив. Така и сега, со релокацијата на нашиот маркет во овој дел од Битола се ставаме на располагање на сите наши купувачи со освежен изглед и во понудата и во организацијата на маркетот. Опстојуваме на нашите столбови во деловното работење, а тоа се професионалната услуга, домаќинската атмосфера и однос, широкиот асортиман и ценовната политика којашто го почитува паричникот на купувачите.”, вели Стојанче Тодороски, административно – технички директор на Жито Маркети.

Она што е дополнителна вредност во овој маркет е што во себе ја вклучува и пиљарата Friutland, со што потошувачите секојдневно ќа имаат голем избор на свежо овошје и зеленчук.

Маркетот има две наплатни каси, со дванаесет вработени, отворен е седум дена во неделата, со работно време од 07,30 до 21,30 часот од понеделник до сабота, а во недела и празници од 08,00 часот до 15,00 часот.

ПР текст

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »