речник контакт

Житото се преработува во сточна храна, затоа го нема!

Македонија произведува доволно пченица да го прехрани населението, но тоа завршува како сточна храна а не како брашно. Македонците јадат најевтин леб во Европа иако мелничарите плаќаат највисока цена за неа на стариот континент.Зошто се случува во Велес во попладневните часови да нема леб. Ристо Ташев, по две години се огласи во во јавноста

Петар Печков

Македонија произведува доволно пченица да го прехрани населението, но тоа завршува како сточна храна а не како брашно. Македонците јадат најевтин леб во Европа иако мелничарите плаќаат највисока цена за неа на стариот континент. Ова се ставовите на Ристо Ташев, директорот на велешки  Жито Вардар, еден од најголемите мелнички капацитети во земјава, за состојбите во мелничката индустрија. Тие се актуелни секој јули со почетокот на откупот на лебното жито.

Мелничката индустрија во земјава се наоѓа во ситуација да пресметува, колку губи ако работи или колку ќе загуби ако не работи.  Одбираме кое зло да го прифатиме. Многу тешко се работи со добивка. Амбиентот што е создаден  за работа, е крајно негативен за мелничката индустрија. Прашањето што сами си го поставуваме  е колку ќе загубиме - вели Ташев. 

Тој триесетина години е во овој бизнис. Помни кога Македонија успевала во некои минати времиња комплетно сами да ја роди пченицата потребна за леб. Пред 20-30 години земјава сама се прехранувала, и сега  има потенцијал сама да го обезбеди лебното жито  потребна за основното прехранбено средство лебот. Со години наназад во  месец жетвар се слушаат истите реакции, производителите постојано се жалат на ниската откупна цена, мелничарите тврдат дека таа е висока. Каде е вистината, каква е економската сметка, на едните и другите.

Цената на житото во Македонија е многу висока. Таа не е резултат на калкулацијата на земјоделците, на вложените средства, труд, работа, механизација, гориво, семе. За илустрација  цената на пченицата во Европа споредбено со Македонија е за 50 евра пониска по тон, или три денари пониска по килограм. Ние сме земја која има највисока цена на пченицата во Европа. Можеби повисока е само во Арапските држави Згора на тоа имаме највисока цена на пченицата а најниска цена на векна леб. Тоа е факт и замислете во какви услови ние тоа работиме. Затоа мелничката индустрија се наоѓа во тешка ситуација – вели Ташев.

Прашањето што често си го поставува обичниот граѓанин, може ли Македонија да го прехрани населението со сопствено производство на жито, Ташев вели може. 

Не е проблем да се произведе, проблемот  е  што добар дел од житото оди за сточна храна. Имаме и два нови моменти,  дел од површините во земјава се намелени а и приносите се пониски. Прашањето за ниските приноси исто така треба долго да се елаборира. Сето тоа резултира со сегашната состојба.  Македонија  годишно произведува 280-320 илјади тони жито а за прехрана, за леб потребни се 200 илјади тони – вели Ташев.

Жито Вардар е најголемиот производител на леб во велешко и соседните општини. Затоа реакциите на потрошувачите се упатени на оваа адреса, што по поевтинувањето на векна леб на 20 денари, после 13 часот често се случува последните месец дена,  во  продавниците леб да нема. Ова го препишува на приватната конкуренција.

Произведуваме доволно леб според нарачките. Цената на пола килограм леб кај нас е 20 денари. Исто толку го предаваат и приватните ситни производители. И тоа е најнискиот праг преку кој не може да се оди. Тие досега одеа со цени минус два од Жито Вардар, така ја формираа. Сега за прв пат имаме  состојба конкуренцијата да има иста цена со нас. Жито Вардар го дуплираше производството на леб, за разлика од другите кои го намалија. Затоа се јавуваат тие недостатоци  - објаснува  Ташев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »