речник контакт

Жртвите Ромки на семејно насилство немаат каде интервентно да се сместат, покажа истражување за достапност на услугите за жените Ромки

Истражувани се Ромки жителки од шест града во Македонија, Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип

Петар Печков

Сиромаштијата, исклученоста од пазарот на трудот, од образованието,  ограничениот пристап до социјална и здравствена заштита, соодветно домување и згрижување на децата, се сериозен проблем со кои се судруваат Ромките во Македонија.

Ова беше кажано на промоција на извештајот „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство врз жени,,. Истражувани  се Ромки од шест града во Македонија,  Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип во текот на месец април. 

Во сите шест града каде се реализираше проектот нема интервентно сместување за жените жртви на насилство од сите облици. Непознавање на јазикот и тоа е проблем. Некои велат дека Ромките го знаат македонскиот, да на пазар, но разговорниот секојдневниот тешко им оди, не го знаат.  Трошоците кои  стопанствениците, кои државата ги трпи, поради насилството над жените се големи. Дали е тоа боледување, намалување на работната способност, силно се одразува врз продуктивноста - кажа проф. д-р Стојанка Мирчева.

Насилството на жени не е само семејното насилство, тоа опфаќа повеќе други видови, поголем опсег на дејствија  кои се нотирани при  напади на  жената. И тие не биле саде дома, туку и во јавниот живот. Професор Мирчева посебно го издвои облик на присилна контрола, кој според праксата најчесто завршувал со убиство.

Како пример  за случај на  присилна контрола ќе ја посочам контролата на пораките на мобилниот кој жената ги прима а партнерот ги контролира.  Или друг пример. Жената добива цвеќе, откако таа ќе направи комуникација со блиски пријатели. За жената тоа е сигнал на почеток на насилничко однесување, поради  гледање со други. Тие не можат да се докажат, неразбирливи се а жената го трпи насилството. Ако отиде да пријави ќе и кажат гледај колку те сака, цвеќе ти подарува - рече Мирчева. 

Меѓу заклучоците од извештајот финансиран од ЕУ,  е потребата од обезбедување на интервентно сместување  на жените кои претрпеле насилство а нивната одржливост би се обезбедила преку државни или локални фондови. Се констатира дека е потребено е воспоставување на програми за економско јакнење на жените Ромки , бесплатно сместување на децата во градинките, бесплатно дооформување на образование и помош при вработување. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »