Петар Печков
Објавено: петок, 18 октомври 2013
Во Центарот за јавно здравје во Велес пристигнаа вакцините за имунизација против сезонски грип, со што од денеска почна и вакцинацијата која е доброволна. Добиени се 1.200 вакцини од германски приозводител, а вакцинацијата чини 400 денари.
Како што информира д-р Билјана Трајкова специјалист епидемиолог од оваа здраствена установа надлежна за иминунизација, вакцината штити од три типа вируси актуелни на северната хемисфера.
Препорачливо е да се вакцинираат постарите лица, хронично болните, како и оние со намален имунитет кои се подолежни на болести, додаде Трајкова.
Tweet |