Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јануари 2020
На крајот од минатата година, Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна,, од Велес изврши порибување на реките Бабуна и Тополка. Порибувањето беше извршено со подмладок на пастрмка. Во Бабуна беа пуштени 50 кг а во Тополка 30 кг и тоа во долниот тек на двете реки.
Деновиве на реките Бабуна и Тополка, беше извршено порибување со автохтона поточна пастрмка, кое е во согласност со добиената концесија од Министерството земјоделие и водостопанство - објаснија од ЗСР ,,Бабуна,,.
Тие изразија голема благодарност за помошта и соработката на ПАВОР ДООЕЛ - ВЕЛЕС и ОПШТИНА ВЕЛЕС, за која искрено се надеваат дека и во иднина ќе ги подржуваат нивните акции, кои имаат за цел да го збогатат и заштитат рибниот фонд на нашите води. Претходно беше порибена реката Вардар со 200 кг крап а езеро Младост со 150 кг подмладок од крап.
Tweet |