речник контакт

ЗСР ,,Бабуна,, доби нова концесија за риба

Кој е риболовниот ревир каде велешките риболовци ќе можат да ловат риба во наредните шест години

Петар Печков

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна  потпиша 14 договори за доделување на концесии на риби за организирање на рекреативен риболов на одделни риболовни води. Со потпишување на договорите, рибите за организирање рекреативен риболов се доделија на концесија на избраните 14 концесионери, за наредниот период од шест години. Меѓу нив е и велешкото Здружение на спортски риболовци ,,Бабуна,,.  

Минималниот концесиски надоместок за организирање на рекреативен риболов изнесува најмалку 10% од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи за годишно ниво. Постапката за доделување на рибите по пат на концесија е реализирана со Јавен повик и ја спроведуваше Комисија за спроведување на постапка за доделување на рибите на концесија формирана од Владата на Република Македонија.

Риболовен ревир кој го доби ЗСР ,,Бабуна,,  го опфаќа течението на реката Вардар од вливот на реката Пчиња во реката Вардар до вливот на Црна Река во реката Вардар, реката Отовица во цело течение, целото течение од изворот до вливот во реката Вардар на реките Тополка и Бабуна со притоките, дел од течението на Црна Река од браната Тиквеш до вливот во реката Вардар, делот на Брегалница од село Убого до вливот во реката Вардар, како и сите стоечки води (природни езерца, мали и микроакумулации) кои се наоѓаат во овој дел на кои може да се организира рекреативен риболов, доколку не претставува пречка во изведувањето на работите и активностите за кои се примарно наменети. 

Одлуката за доделување на концесија на риби, е на субјекти кои се избрани како најповолни понудувачи по спроведениот јавен повик и електронска аукција. Со потпишување на договорите, рибите за организирање рекреативен риболов се доделија на концесија за наредниот период од шест години. Минималниот концесиски надоместок за организирање на рекреативен риболов изнесува најмалку 10% од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи за годишно ниво.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »