Петар Печков
Објавено: петок, 17 август 2012
Министерството за шумарство и водостопанство и ја додели концесијата за управување со рибниот фонд од езерото Младост на ЗСР Бабуна од Велес. Тие следните шест години ќе го контролираат риболовот на езерото, но ќе имаат и обврска да го порибуваат со подмладок.
Во однос на риболовците, тие се обврзани во текот на еден риболов да можат да фатат по еден примерок на племенита риба, сом или смуѓ, не повеќе. Од ЗСР Бабуна најавуваат дека ова посебно ќе се контролира и од рибочуварите но и од ангажираната агенција за обезбедување.
Tweet |