речник контакт

За АД Вардар Градско и АД Црвени брегови отворена предстечајна постапка

Барањето е на велешки доверител, кому му должат заедно 80 милиони денари

Петар Печков

За две големи  земјоделски друштва има се заканува стечај.   Тоа се Друштво за земјоделско производство и трговија Црвени брегови  АД увоз извоз Неготино и  Друштво за производство и промет со земјоделски и сточарски производи ВАРДАР АД Градско, кои важат за фирми во сопственост на  бизнисменот Минчо Јорданов, втор по богатство во Македонија минатата година.

И за двете побарано отворање стечај во Основен суд Велес и се закажани рочишта.  Двете фирми  должат на велешки доверител заедно околу 80 милиони денари, кој побарал отворање на стечај а сметката на двете друштва била блокирана повеќе од два месеци. Именуван е предстечаен управник,за двете друштва е  Димитар Аџиев.  

Рочиштето за АД Вардар Градско  кое има големи површини со житни култури   е на 2-ри февруари, додека за АД Црвени брегови каде се одгледува лозје  е  за 26-ти јануари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »