Петар Печков
Објавено: четврток, 03 ноември 2011
Таман жителите во близината на Брако одморија од проблемите што ги создаваше кафеаната Булетус, таа повторно ноќна мора за соседството. Откако поради забрана од пазарната инспекција, не работеше некое време, таа пак проработи и пак истиот проблем, прегласна музика. Жителите од соседството во очај, бидејќи немаат мирен сон.
Кратко траеше нашиот мир. Од ресторанот Булетус пак се слуша прегласна музика, која започнува по полноќ и се свири до утро. Има ли закон во оваа држава, кој ќе стави ркај на ова самоволие. Сопствениците не почитуваат ништо што е вредно и имаме впечаток,дека тие се против нас, жителите од овој дел на градот. Како да сакаат да не иселат. Како поинаку да протолкуваме нешто што се повторува секој ден велат луто соседите.
На ден 30.10.2011 година во времето 00,00-02,00час. од страна на полициски службеници од Полициска станица Велес извршена е контрола во повеќе угостителски објекти во Велес, која се однесувала на мерење на ниво на штетна бучава која произлегува од угостителски објекти. При контролата вршено е мерење на бучавата со помош на фонометар, при што во „Болетус“ констатиран е прекршок- гласна музика, односно бучава која ги надминува законски дозволените граници. Полицијата во нејзиниот билтен, не прецизира дали за овој прекршок ќе поднесе соодветна пријава.
Претходно, како одговор на советничко прашање за овој угостителски локал, од кој сон немаат бројни жители на Велес, командирот на полициската станица во Велес, Александар Косотв рече за негово решавање е потребна заедничка акција на повеќе инспекции, пазарна,трудова, финансиска, кој заедно со полицијата можат да го решат за еден ден.
Очигледно е дека се нема желба за ваква акција, да се застане на пат на самоволието на сопствениците од кафеаната Булетус.
Tweet |