речник контакт

За граѓаните гратис табли за адресите

Општина Велес ги чести сограѓаните, наместо тие да си постават табли на домовите, тоа го прави локалната власт

Петар Печков

Општина Велес започна со означувањето на имињата на улиците како и нивно нумерирање со соодветни броеви. Градоначалникот Славчо Чадиев ја постави првата табла на  главната градска улица 8-ми Септември како и на таблата на плоштадот С’рмаале. Оваа обврска произлегува од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти.

Според овој закон: „поставувањето и одржувањето на таблата со име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект го врши општината”. Исто така според законот: „трошоците за набавка и поставување на табличките со броеви се на товар на сопствениците, односно на корисниците на објектот”. Но Општина Велес овој пат донесе одлука граѓаните да не бидат изложени на овој трошок, туку тоа да го покрие општината. На овој начин се излегува во пресрет на сите граѓани на Велес. Единствена обврска која ја имаат граѓаните е само да ги постават табличките со броеви на соодветно место од своите објекти – изјави градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.

Таблите за означување и нумерирање на улиците се изработени од фирмата „Раде Кончар”. Целокупниот проект чини околу  еден милион  денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »