речник контакт

За 105 годишнината од смртта на Француските војници, Мароканци, од Првата Светска војна кај Горно Јаболчиште поставена спомен плоча (фото)

На ново поставената спомен плоча цвеќе положија и воените аташеа на Германија, Италија и Бугарија во Македонија

Петар Печков

За 105 годишнината од смртта на четворица француски војници, Француската амбасада постави спомен плоча во селото Горно Јаболчиште. Таму при крајот на септември, 27-ми  1918 година, пред завршувањето на Првата Светска војна,  биле убиени четворица нивни војници, Мароканци по националност, припадници на  единицата „Спахии“.

„На ова место, на пробивот на Македонскиот фронт се случи престрелка  помеѓу мароканските спахии и германските војници. Вашето село тогаш било ослободено а еден митралез поставен на високо им го одзеде животот на четворицата француски војници. Со текот на времето нивните гробници тука, беа оштетени а спомените избледнеа. Сеќавањето мора да остане оти заборавот е како војна, секогаш се заканува “ кажа Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Скопје.

Тој се заблагодари на професорот Веле Алексовски, кој дел од живото посветил  на зачувување на споменот на загинати француски војници од Првата Светска војна  во Велешко, кој ги пронашол и започна нивното обновување.

Алексовски  кој како професор по француски јазик предавал во Горно Јаболчиште, ги потсети присутните како ги пронашол вечното почивалиште на четворицата загинати француски војници, марокански спахии,  од Првата Светска војна.   

„Два дена пред крајот на војната овде на Македонскиот фронт, загинати се четворицата војници. Јас како професор барав терен каде децата ученици да се рекреираат. Постари луѓе  од селото ми рекоа дека има терен кај Француските гробишта. Бев шокиран кога дознава дека тука загинале француски војници и побарав некој  да ми раскаже. Еден старец на 83 години  бил жив сведок, тогаш на 18 години. Тој раскажа дека  дошла војска со три илјади мулиња. Се слушнала врева  дека по реката доаѓа бројна војска, која зборува на непознат јазик.   Војската пристигнала, прашале дали виделе друга војска, жителите одговориле негативно оти и немало. Но имало некоја заскитана  германска единица високо во планината, која тајно се враќала од прилепско. Тие припукала на  спахиите и убиле четири војници“  - кажа Алексовски.         

На ново поставената спомен плоча цвеќе положија и воените аташеа на Германија, Италија и Бугарија во Македонија.  Во соседното село Долно Јаболчиште е поставена спомен плоча за масакр од Втората Светска војна кој е случен на 24 октомври 1942 година,  за 11 лица, Албанци кои биле жртви на бугарскиот окупатор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »