речник контакт

За 14 години Хрватска продала пет острови

Поради законските услови во Хрватска и лошите инфраструктурни услови, познати клиенти како Берни Еклстоун и принцезата Каролина од Монако се откажале од намерата да купат остров

Петар Печков

Иако пред десетина години на можноста за продажба на хрватските острови и островчиња се гледаше како на катастрофално и срамно расфрлање на националното богатство, сепак се најавуваше нивна распродажба на светските милијардери, пишува белградски „Блиц“.

Но, резултатите од сето тоа не се посебно фасцинанти. Имено, за 14 години се продадени само пет острови. Меѓу првите продаден е островот Смоквица во 2002 година за 1,1 милион евра, островите Фрашкер и Фрашкериќ се продадени на руски тајкун, Јакљан е купен од Горан Штрока за шест милиони евра, а Островот на животот во Малостонскиот залив го добил купувачот на дубровничкиот хотел „Ексцелзиор“, во пакет со приватизацијата.

Хрватска има 1.244 острови во Јадранско Море, од кои се населени 65. Во државна сопственост се 85 отсто од островите. Според правилата, кога приватен сопственик продава остров, првенство на купување имаат општината, жупанијата и државата, а потоа може да се продаде на друго приватно лице. Исто така, договорот за купопродажба не гарантира целосен посед, затоа што крајбрежниот појас во минимална ширина од шест метри се смета за општо добро.

Ниту еден остров во целост всушност ни порано не можел да се продаде, бидејќи тоа подразбирало и продажба на морското добро, кое е општо јавно добро, и може да се добие само со концесија - објасни правничката Јасминка Билишков, сопственичка на агенцијата „Билишков недвижнини” од Каштел Стари.

Како што вели таа, да се има свој остров е знак на престиж меѓу светската елита, но поради законските услови во Хрватска и лошите инфраструктурни услови, познати клиенти како Берни Еклстоун и принцезата Каролина од Монако се откажале од намерата да купат остров. Според Билишков, сите островчиња не се еднакво атрактивни, па цените им се движат од 11 до 70 евра за квадратен метар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »