Петар Печков
Објавено: четврток, 13 април 2023
Припадниците на Армијата кои се дел од Командата за обука при Велешката касарна Алексо Демниевски – Бауман донираа пакети со храна за лица и семејства кои живеат во социјален ризик. Истите содржат нерасипливи прехрамбени производи согласно стандардите пропишани од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Донацијата е по повод 15-ти Април Денот на командата за обука. Хуманитарната помош ја подигнаа волонтерите на Општинскиот Црвен крст на Велес и во наредниот период ќе биде доделена таму каде што е најпотребно.
Освен хуманитарните пакети, од Армијата донираа и маренди во Основното училиште со Ресурсен центар „Маца Овчарова“.
Tweet |