Петар Печков
Објавено: среда, 30 декември 2015
Какви се бројките за прирастот во општина Велес, изминатите 15 години. Користејќи ги податоцитe нa Заводот за статистика , ТРМР ги анализiраше бројките, дали во општината повеќе се раѓало или умирале, дали повеќе се доселувале или отселувале. Или за сите 15 години споредебно со 1999-тата денес во неа живеат повеќе само 71 лице повеќе. И тоа пред се благодарејќи на периодот 2000-2004-та, кога во Општина Велес беа населените места Горно и Долно Јаболчиште.
Високата стапка на новороденчиња забележан овие четири години, ја дава позитивата, дека сите овие 15 години подоцна, во општината има скромен ама сепак природен прираст. Сите останати анализирани податоци покажуваат негативен тренд. Така за овие 15 години, од Велес повеќе се отселувале отколку што се доселувале. Во бројки тоа е 312 повеќе отселени отколку доселени. Од 2005-тата до 2014-та има повеќе починати отколку што има родени или 139 во минус, толку е разликата помеѓу починатите и родените.
Слична е состојбата и со соседните општини Градско и Лозово, каде континуирано има помалку родени отколку починати, и повеќе отселени отколку доселени. Тоа во бројки по 15 години за Лозово е негативен прираст 92 лица а Градско 139. Во Чашка состојбата е спротивна. До 2004-та кога во неа не беа општините Богомила и Ивор, а не беа ниту селата Горно и Долно Јаболчиште, за четири години има негативен прираст од 184 лица.
За од 2005-та кога се припоени екс општините Богомила и Извор, како и доттогаш велешките села Горно и Долно Јаболчиште, состојбата се менува. И од 2005-та до 2014-та има природен прираст, повеќе родени наспроти големиот одлив кој десет години постојано е во пораст, повеќе отселени и е во плус од 427 лица.
Анализирани се 15 години од 2000-та до 2014-та, колку што има податоци од прирачникот на Државен заводот за статисткика, на неговата веб страна. Според пописот од 2002-та општина Велес брои 55.108 жители, Градско 3.760, Лозово 2.585 и Чашка 7.673 жители. Нема податоци колку жители бројат општините по новата распределба на населените места, од 2005-тата.
Tweet |