Петар Печков
Објавено: четврток, 11 март 2021
За 166 реонски попишувачи и реонски инструктори, за претстојниот Попис 2021-ва во велешко, се пријавиле 255 лица. Ова е податокот кој ТрМр го доби од Општинската пописна комисија а веќе од денес, четврток од 8 до 15 часот се спроведува најавеното тестирање на кандидатите.
Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори за Општина Велес, заедно со соседните општини Чашка и Градско е 16 инструктори и 166 за попишувачи. Од нив потребни се 131 за попишувачи на македонски јазик, 18 за албански јазик, по шест за турски и босански, три ромски и по еден за влашки и српски јазик
Кандидатите кои се пријавени треба: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование и да немаат засновано работен однос, и како дополнителни услови -познавање на работа со персонален компјутер и познавање на соодветниот јазик на заедницата за која конкурираат.
Tweet |