Петар Печков
Објавено: сабота, 08 септември 2012
Тој излезе од неа
Таа се скри во него
И `ја сочува............
И` ги сочува иконите и кандилата, разбоите и нишките, борите
И издишките, ситата и виножитата. Ноќите и ноќвите, книгите,
(писанијата и трпенијата), утрата, боите и неспокоите, коприната,
Кроткоста и добрината..............
И` ги сочува
Ридовите и плодовите, плетенијата и везенијата, резбите и везбите,
Сааните и таваните, јазлите на ирамите, низите и ризите, тагите
и трагите на ситоста и гладта, со боите на болката и страдата.
Тој излезе од неа
Таа се сокри во него
Со жетвите и клетвите, со постите и благостите, со омаите и одаите,
Со изгревот и зраците, со сјајот од чардаците, со чистината на
Небото и срцевината на душата и лебот......
Тој излезе од неа
Таа се скри од него
И` ја сочува
Tweet |