речник контакт

За 24 часа во Велес наврнаа 13,4 л на метар квадратен

Порасна и нивото на река Вардар низ Велес

Петар Печков

Дождот кој вчера падна во Велешко освен што ги згасна пожарите добре дојден е и за почвата која подолго време поради сушата беше сува. Според УХМР во текот на изминатите 24 часа, вторник 8 ч – среда 8ч. во Велес наврнале 13,4 литри на м2. Во истиот период минималната температура беше 16 степени а максималната 18 степени, или само два степени разлика.

Дождовитге кои паднаа во Македонија, посебно во Полошко и Кумановско, влијаеја и на зголемување на нивото на реките. Така нивото на реката  Вардар низ Велес од 34 см во вторникот, денес среда наутро, се мери во 7,30ч. порасна на 86 см. Просекот за септември е 40 см.

Нивото на река Бабуна низ Богомила е високо 30 цм, со тоа што реката од средината на август  ја снемуваше некаде пред Мартолци и се до Вардар, Бабуна  беше суво корито. Според законските прописи секое физичко лице има можност дневно да исцрпува вода од природна река во количство од 10 м3.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »