речник контакт

За 24 часа два пати невреме го зафати Велес (фото)

Силниот дожд и грмотевиците направија сериозни штети и го сопреа животот во градот. Сериозно оштетени улиците Св. Прохор Пчински и Св. Кирил и Методиј

Петар Печков

За помалку од 24 часа, Велес  во два наврти го зафати невреме. Денес околу пладне од 13 до 14 часот силен дожд  го запре животот на повеќе од еден час. Буиците вода кои се слеваа од високите делови на градот кон главните градски улици создадоа слика  како Велес да е Венеција на Балканот.

Поплавени улици, сопрен сообраќај, пешаци кои не можат да преминат  преку  улица, други не можеа да стигнат на време за да заминат  во попладневната смена  на работа. Обилниот дожд придонесе да бидат  поплавени повеќе домови а сопствениците  да се снаоѓаат како знаат и умеат, за да ја сочуваат покуќнината. 

Коцките бехатон поројот ги однесе и од двете улици  кои водат  кон црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас.  Улиците се уништени, има дупки како кратери. Многу е  лошо, не сообраќаат возила. Вчера попладне  дождот започна денес  продолжи да ги копа овие две улици – вели таксист, кој додава дека сообраќајот во градот во понеделникот и вторникот попладне беше во колапс.

Од обемните врнежи до кров  е полн подземниот пешачки премин кон салата  Гемиџии.  Велешани не можат да се соземат ниту од понеделничкото невреме, кое беше проследено со грмотевици и со врнежи од град. Удари од гром направија голема штета кај дел од велешките семејства, во стариот дел на градот кај Градскиот саат и во населба Керамидна. Регистрирани се голем број  на прегорени домашни апарати.

Денес во Велес  најмногу работа имаат мајсторите за телевизори и компјутери. Тие тријат раце од невремето.  Многу семејства имаат сериозни штети – вели велешанец. 

Врнежи од град, со големина на зрно од цреша имало во населба Тунел, околу Болница, Којник, Мегдан . Коцките од бехатон ги однела водата, па по улиците во високите делови на градот има големи дупки.  Тоа најмногу се гледа на улиците Св. Кирил  и Методиј  и Прохор Пчински. Тие вчера беа раскопани денес се сериозно оштетени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »