речник контакт

За 6 месеци поради високите цени на струјата, за улично осветлување, Општина Велес платила 25 милиони денари повеќе

Сметките од 1 и 1,5 милиони денари, пред енергетската криза стасаа до осум милиони денари за еден месец

Петар Печков

Општина Велес за шест месеци платила  25,7 милиони денари повеќе од платените сметки  за претходната година, средства за улично осветлување. Толкави  се пресметките кои локалната власт ги направи за изминатиот период, откако универзалниот снабдувач на 30-ти септември  лани, еднострано го прекина договорот, па струјата ја набавуваа по слободниот пазар по берзански цени.   

„Општина Велс беше силно погодена од едностраното раскинување на договорот од набавувачот и набавката по берзанска цена.  Сметките од 1 и 1,5 милиони денари, пред енергетската криза стасаа до осум милиони денари.  Новите сметки се сериозна сума на средства, општинскиот Буџет е лимитиран. Сметките ги плаќавме со средства кои ги пренаменивме, а беа за решавање на комунални проблеми,   за спорт, рекреација, за култура. не сакавме да одиме на рестриктивни мерки, гаснење на струјата во одделени делови на градот “- кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој поедностави дека со исплатените пари за улично осветлување, изгубени се реконструкции на улици, загаснување на одделени програми од Буџетот.   

„Добро е тоа што во 2020-та година кога ЈП Парк спорт се трансформирала и за паркинзи, била додадена шифра за дејност улично осветлување. Ја искористивме таа можност и уличното осветлување го делегиравме на ова ЈП и од април сметките кои ги добиваме се далеку со помала вредност. Плаќавме 20 денари за киловат а со новата состојба ќе плаќаме 7 денари, што е многу голема разлика. Сметката за април очекувам да биде помеѓу 1,5 до 2 милиони денари и со тоа можеме да ги сервисираме долговите“- кажа Колев.  

Споредбено на сметките за улично осветлување во месеците кога универзалниот снабдувач го раскина договорот за 2020- 2021 е следна -октомври 1,5/ 5,9 милиони денари, ноември 1,5/6,6 милиони денари,  декември 1,4/8 милиони денари, јануари 1,4/4,6 милиони денари, февруари 1,2/3,5 милиони денари, март 1,2/5,3 милиони денари.

Со одлука на Советот од април сметките за улично осветлување се префрлени на ЈП Парк спорт и паркинзи, кое бидејќи е до 50 вработени си приход до 2 милиони евра,може да  набавува електрична енергија на регулираниот пазар. Таму државата дала можност, цените да ги определува Државната комисија за енергетика и тие во пракса се под на берзанските.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »