речник контакт

За Јавните куќи во Велес пред војната

Постоеле четири, со девојки проституки кои не биле од градот

Петар Печков

 Во 30-тите години од минатиот век во Велес имало четири јавни куќи. За ова пишува во книгата ,,Грст пожолтени фотографии,, велешанецот  професор Петар Пановски.  Еве како тој  ја доловува атмосферата во градот пред 8 децении.  

 Шетајќи од Сармаале кон север, по десниот тротоар од главната улица, пред  да дојдам до самарџиските дуќани се наоѓаа двете шантани, јавни куќи, што постоеја тука.Едната на свиокот од Сармаале кон главната улциа, а втората спроти среското началство, сегашниот Градски музеј.

Имаше уште две  јавни куќи во Велес,  третата под името  ,,Балкан,, близу до Сармаале, на улица која е паралелна  со главната  и води од општинската управа кон Дворови. Последната четврта најнеугледна  јавна куќа се наоѓаше  на пазариштето, североисточно, поблиску до Гимназијата.

Четири јавни куќи во Велес, град на голема патна и железничка раскрсница, не беа многу, но многу за  10 до 15 илјади негови жители.  Сите четири беа еднокатни градби. На приземјето сите  имаа кафеана, задолжително со пеачка  и  оркестар.  Затскриени со црвени пердиња беа скалилата кои водеа на кат.  

Таму   се наоѓаа собите за извршување на услугите, кои ги вршеа млади несреќни жени, кои не беа од градот.Тогаш како дете, се сеќавам дека и покрај лекарската заштита, младит кои влегуваа во овие куќи, болни потоа шетаа по градот, одејќи со подраширени нозе како да газат по јајца, со испиени и пропаднати очи, жолтеникави лица.

Тие млади беа заразени од сифилис, трипер или некоја друга неизлечлива  венерична болест. Кога во 1941та дојдоа Германците, ги снема регистрираните проститутки.   Се зборуваше дека заедно со војската заминале на југ. По војната проституцијата јавно ја снема, не беше дозволена.

За текстот се користени материјали од книгата ,,Грст пожолтени фотографии,, на Петар Пановски    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »