Петар Печков
Објавено: четврток, 23 април 2020
Поради опасноста од ковид-19, годинава изостана традиционалната и масовна прошетка и посета на манастирот СВ. Димитрија.
Го немаше ниту лепињето со плескавица и со лименка пиво.
Затоа пак гостилница Боем, заедно со донаторите подготвија и подарија илјада лепиња со плескавица.
Дел од нив беа донација на велешанецот Трајче Папазовски и на Ердован Етовски.
Оброкот се делеше во терминот од 11 до 13ч со помош на волонтерите од Општинскиот Црвен крст на Велес а фотографиите говорат, каков интерес ова предизвика.
Ваква храна, празничен оброк, гостилница Боем со донаторите, делеше и за Божик и за Велигден.
Tweet |