Петар Печков
Објавено: четврток, 09 април 2026
Велешкото архијерејско намесништво при Повардарската Епархија на МПЦ-ОА на нивната веб страница информираше каде ќе има богослужби, во кои цркви, во сабота навечер за Велигден, но и за деновите потоа.
11.04.2026 год. Света Златоустова Литургија во црквите „Св. Вознесение Христово“ (Св. Спас), „Св. Јован Крстител“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. вмч. Пантелејмон“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 23.00 часот
12.04.2026 год. (Воскресение Христово - ВЕЛИГДЕН) Света Златоустова Литургија во црквите „Св. Богородица“ и „Св. Кирил и Методиј“ со почеток во 07.30 часот, читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во црквата „Св. Кирил и Методиј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 09.00 часот;
16.04.2026 год. (СВЕТОЛ ЧЕТВРТОК) Празнична Вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 18.00 часот;
17.04.2026 год. (ИСТОЧЕН ПЕТОК - БАЛАКЛИЈА) Света Златоустова Литургија со Воскресенски Водосвет во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 08.15 часот.
| Tweet |




