речник контакт

За Велигден од петок попладне до вторник наутро, сите по дома - забрана за движење

Од четврток 16 април, во 16 часот, до вторник 21 април 5 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава

Петар Печков

На денешната Владина седница донесена е  одлука за ограничувањата на движењето за велигденските празници.

За време на викендот, забраната за движење  на сите граѓани,  започнува   од петок 17 април во 16 часот, и ќе трае  до вторник 21 април во 05 часот.

Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 5 часот наредниот ден.

Од четврток 16 април 16 часот,  до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.

 

 За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.

Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »