Петар Печков
Објавено: сабота, 06 јануари 2024
На 5 јануари мерните инструменти на Министерството за животна средина во Велес измерија екстремно висока загаденост.
Просечната вредност е 111 мг/м3. Додека часовната вредност во вечерните часови покажуваше високо, високо загадување со ПМ10 и ПМ2,5 честички.
5 јануари во вечерните часови се одбележува Коледе, кога се палат огнови а во Велес тоа со години е случај. Исто така на овој ден со годиини се бележи високо загадување на воздухот
Од почетокот на годинава сите пет дена во Велес се регистрирани вредности над граничните 50 мг/м3. Највисоки вредности бе измерени на 30 и 31 декември и 1 јануари, сите три дена над 100 мк/м3.
Tweet |