Петар Печков
Објавено: вторник, 08 октомври 2024
Од четврток на пладне започнува времено нов сообраќаен режим поради Питијадата. Каде ќе се одвива сообраќајот околу локацијaта каде ќе се одвива манифестацијата?
Поради одржување на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2024“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, во периодот од 10:00 часот на ден 10.10.2023 година па се до 12:30 часот на ден 14.10.2024 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа:
Улицата „Благој Ѓорев“ на потегот од Трговски до црквата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде затворена за целосен сообраќај. На делот од улицата „Благој Ѓорев“, од крстосницата со улицата „Борис Трајковски“ сообраќајот ќе биде забранет и ќе се пренасочи по улицата „Борис Трајковски“
Возилата кои доаѓаат од улицата „Тодор Јанев“ ќе бидат пренасочени по улицата „8ма Велешка бригада“ и „Тодор Христов“
Возилата кои доаѓаат од улицата „Кумановска“ нема да се движат по улицата „Наум Наумовски Борче“ туку ќе бидат пренасочени да се движат по улицата „Ѓорѓи Војтех“ и Тодор Хрисотов“ па по улица „8ма Велешка бригада“
На улицата „Благој Ѓорев“ од крстосницата со улицата „Тодор Хрисотов“ и „8ма Велешка бригада“ сообраќајот ќе биде забранет до крстоницата со улицата „Љубљанска“
Од крстосница со улицата „Љубљанска“ па се до улицата „Орце Мартинов“, улицата „Крали Марко“ и крстосницата со улицата „Алексо Демниевски-Бауман“ сообраќајот ке се одвива двонасочно. Ваквиот потег е преземен поради близината на пристапот до Болницата и сè со цел полесен пристап до неа како и поголема пристапност до домовите на жителите кои што живеат на тој потег од улиците
На делот од улицата „Алексо Демниевски-Бауман“, на потегот од крстосницата со улицата „Благој Ѓорев“ до крстосницата со улиците „АСНОМ“ и „Вардарска“ исто така режимот ќе се промени од еднонасочен во двонасочен
Времениот режим на сообраќај ќе се одвива според поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, како и знаците кои ги даваат униформираните полициски службеници. Поради тоа се замолуваат сите учесници во сообраќајот, строго да ги почитуваат правилата и прописите, со цел нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.
Tweet |