Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 ноември 2017
На првата прес конференција на новиот градоначалник Аце Коцевски, сериозни обвинувања за работата на претходната локална власт. Тој посочи повеќе примери каде и како се трошеле народните пари.
Сериозни се проблемите со обезбедување на греење на општинската зграда и сите подрачни министерства кои се таму. Немаше навреме тендреска постапка по што не е обезбедена навреме доволна количина на огревен материјал –ќумур и дрва. Проблемите се премостени ситуацијата. Имавме проблем со огрев во повеќе подрачни училишта во општината – Превалец, Раштани, Бузалково и Клуковец . Не се обезбедени навреме и не можеме да обезбедиме, бидејќи сметката на училиштето ОУ Васил Главинов е блокирана заради долгови и навреме не` распишана теднерска постапка. Помогна една компанија, од Велес од каде позајмивме огревно дрво за да се надмине кризата а откако ќе се надмине проблемот, ќе го вратиме огревот. Во спротивно требаше да ја прекинеме наставата и да нема настава во повеќе училишта во градот. Во ОУ Васил Главинов имаше дефект, отстранет е на системот за греење и од денес затоплување има. Во средното училиште ,,Коле Неделковски,, имаше сериозен проблем и еколошки дури. Пукнала цевка од излез од резервоар, кој е со големи количини во тони, при што истече нафта во почвата и преку подземните води може да се загади околината на училиштето и во комплекс УЗУС. Нешто спасивме од нафтата, голем дел од неа истече – истакна Коцевски.
Годинашнава Питијада ги чини граѓаните, даночни обврзници 7,1 милион денари. Тоа е преголема сума на пари и морам да кажам дека тое е висока сума. Манифестација до година ќе продолжи ако нејзината организација ја прифане Стопанска комора а Општина Велес биде поддржувач да, никако организатор. За угостителски услуги Општина Велес платила или ќе плати 571 илјади денари од кои 221 илјади денари само за еден угостителски објект – Инбокс кафе. При тоа за луѓето кои биле на и околу сцената биле потрошени пари за 400 чаши виски, 300 штокови, 400 вотки и други пијалаци. Лани за истата намена биле потрошени 70 илјади денари, годинава три пати повеќе. Се сомневам за злоупотреби а парите се потрошени во изборната кампања. Сите сомнителни фактури се парафирани,иако на ниту една нема потпис, доказ кои се лицата кои јаделе и пиеле, кој правел софра, кои биле гостите. Така многумина, било кои се честени , било на сметка на Општина Велес – кажа Коцевски.
Тој ги прецизираше долговите на Општина на 169 милиони денари – 2,75 милиони. Најголем дел биле кон ЈКП Дервен во висина од 87,6 милиони денари . Кон превозниците на учениците во основно и средно долговите биле 36,6 милиони денари. Кон фирми добавувачи од 30 милиони денари , 22,7 милиони денари се за извршени за градежни работи а неплатени, додека 7,8 за градежни зафати кои се во тек.
Tweet |