Петар Печков
Објавено: вторник, 29 септември 2026
Советот на Општина Велeс донeсе одлука со која се продолжува работното време на угостителските објекти во Општина Велес по повод одржувањето на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино-Питијада“.
Со оваа Одлука продолжува работното врeме на угостителските објекти кои работат на подрачјето на Општина Велес, за време од два часа од регистрираното работно време на угостителскиот објект.
Продолжувањето на работното време од два часа, важи од 09.10.2026 година до 11.10.2026 година, по повод одржувањето на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино - Питијада“.
| Tweet |




