Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јануари 2014
На верскиот празник Св. Јован велешани одат и палат свеќи за здравје во црквата Св. Јован, кај народот позната како Маркова Меана. Црквата се наоѓа стотина метри јужно од вливот на реката Тополка во Вардар и исто толку метри северно од манастирот Св. Димитрија.
Има интересно предание, дека блиската карпа, на која е изградена црквата, има лековитост. Затоа посетителите земаат дел од камчињата и ги носат со себе, за здравје, за к`смет. А оставаат железни монети по карпата.
За да стигнете до црквата Св. Јован мора да минете низ кругот на Крзнарата Димко Митрев. Изградена е на карпа што и дава посебна убавина и значење иако однадвор е тешко препознатливо дека тој е објект е црква. За жал и внатрешноста е без многу верски обележја, фреските се излупени и оштетени иконостасот е како така сочуван. Има икони кои се закачени по ѕидовите на црквата.
Поради влажноста на објектот, домаќинките и постарите објаснуваат дека под неа има пештера, која Вадар ја полни со вода, и влагата ги уништила сите фрески. Поради тоа и црквата е често влажна.
Црквата Св.Јован велешани иако малку ја знаат, бидејќи е скриена во кругот на фабриката, а ја посетуваат токму на овој ден Св. Јован крстител 20-ти јануари но и на 11-ти септември Отсекување на главата на Св. Јован крстител.
Tweet |