речник контакт

За Св. Никола поделени 600 бесплатни оброци на лицата од социјален ризик

Хуманитарниот ручек е организиран од Здружението Нула гладни во Велес и Гостилницата Боем

Петар Печков

За верскиот празник Св. Никола,  Здружението Нула гладни во Велес и Гостилницата Боем подготвија и поделија 300 оброци со риба и 300 рибни чорби. Таа е наменска за лицата од социјален ризик и со ниски примања.

Ова акција е помогната од  Пан промет - Пане Ордев, семејство Гуџови, Никола Ѓоревски и Бојан Костадинов.

Посетени биле и дежурните екипи на СВР Велес, територијалната  против пожарна единица , екипата на Итната помош,  Болница , каде исто така  биле поделени топли оброци за дежурните екипи.

При подготовката на хуманитарниот ручек,   гостилница Боем не врши никаква наплата за оваа услуга.

Ова е прва од предвидените три акции. Следните две се   за Нова година и за Бадник.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »